Зион Вилијамсон конечно дебитираше во НБА-лигата. Атлетското чудо кого фановите го чекаа цела сезона за само 18 минути во игра докажа зошто за него се зборуваше додека беше во седно училиште.

Неговиот Њу Орлеанс беше поразен од Сан Антонио со 121-117, но Вилијамсон постигна 22 поени, запиша седум скока и погоди четири тројки од исто толку обиди. 17 од 22 поени ги постигна во последната четвртина, поточно за повеќе од три минути. Спарси не веруваа дека тој може да го погоди од далечина го оставија, тој веднаш ги казни.

Зион беше повлечен на пет и пол минути до крајот, од таборот на Пеликанс се внимателни по повредата на коленото која ја заработи за време на предсезонските натпревари.

Во своето деби тој веднаш постави рекорд. Никој во историјата на франшизата од Њу Орлеанс не постигнал повеќе поени од него, ниту пак во своето деби постигнал четири од четири од линијата за три поени. Неговите 22 поени за 18 минути во игра, се најмногу до сега за еден дебитант, тој на ова листа го мина Ентони Дејвис.

Резултати: Торонто – Филаделфија 107-95, Атланта – ЛА Клиперс 102-95, Бостонсон – Мемфис 119-95, Мајами – Вашингтон 134-129 (прод.), Њујорк – ЛА Лејкерс 92-100, Чикаго – Минесота 117-110, Хјустон – Денвер 121-105, Феникс – Индијана 87-112, Њу Орлеанс – Сан Антонио 117-121, Голден Стјет – Јута 96-129.