Вчера пристигнаа, а веќе денеска го одработија првиот тренинг во Анталија. Експедицијата на Струга Трим Лум престојува во месноста Бујук Кунду во Анталија, каде во наредните десетина денови ќе треба да го исполнат планот на тренерот Јетон Беќири.

Покрај тренинзите, планирани се и најмалку четири пријателски средби. Да потсетиме дека Струга Трим Лум оваа зима за првпат во својата куса клубска историја престојува во познатиот спортско – туристички центар во Турција.