(Видео) Огромни пенливи бранови ги поплавија улиците во Шпанија, има и мртви

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Огромни пенливи бранови ги поплавија улиците во Шпанија, има и мртви

Огромни, пенливи бранови ги поплавија улиците во голем број градови во Шпанија, каде беснее зимската бура наречена „Глорија“ која досега однесе девет животи, а по четири лица се трага.

Во поголемиот дел од Шпанија, 200.000 луѓе останаа без електрична енергија, училиштата беа затворени, а патиштата блокирани поради снегот.

Големите бранови и силниот ветер што ги погодија крајбрежните градови, оштетија голем број продавници и ресторани, информираат светските агенции.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата