Дали е можно да се измами детектор за лаги и КОЛКУ Е СИГУРЕН ПОЛИГРАФОТ?

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали е можно да се измами детектор за лаги и КОЛКУ Е СИГУРЕН ПОЛИГРАФОТ?

Науката нема целосна доверба во детекторите на лаги, но има докази дека тие имаат и другa наменa.

Лажењето е стресно и ова е основната претпоставка со која започнува секој што ќе се обиде да открие лажговци, пишува „Гардијан“ . Полиграфскиот тест се заснова на претпоставката дека стресот мора да се рефлектира на некој начин и дека машината може да го открие. Kрвен притисок, галванска реакција на кожата, дишење и пулс.

Постои стандарден протокол што треба да се следи при тестирање. Испитувачот ќе комбинира различни директни прашања релевантни за случајот со низа контролни прашања. Контролните прашања се исто така дизајнирани да предизвикаат стрес, како што е прашањето „дали некогаш сте украле нешто од пријател?“. Во текот на овој процес, испитаникот ќе сфати дека машината е во состојба да ја разликува вистината од лагa и дека е неопходно да се каже вистината.

Во теорија, контролните прашања се формулирани така што е тешко да се одговорат со апсолутна искреност и ќе се создаде поблаго ниво на стрес. Се претпоставува дека невините испитаници ќе ги најдат овие прашања по стресни од оние порелевантни кога може да се даде директно негирање. За луѓето кои не се невини, се претпоставува дека порелевантните прашања ќе бидат постресни од контролните.

Многу експерти се сомневаат дека ова во пракса може да доведе до каква било сигурност.

„Полиграфот прави големи научни мерења на сите промени во телото што минуваат низ различни емоции“, рече професорот Софи Скот, професор по когнитивна невронаука на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

 - Сепак, не е научно потврден како сигурен начин за откривање лаги. Всушност, не постојат сигурни мерења на лажењето, затоа полицијата користи когнитивни методи, како што се бара од луѓето да ги опишат настаните наназад и да забележат недоследности.

Професорот Крис Чемберс, психолог од универзитетот во Кардиф, е далеку поостар во неговите зборови:

- Полиграфот е глупост. Тој секогаш беше глуп и секогаш ќе биде.

Анализата на научните докази покажа дека студиите прават различни оценки кога станува збор за полиграфска точност. Некои, исто така, му даваат точност од 85% кога станува збор за препознавање вистински лажговци. Сепак, проблемот е во тоа што стапката на погрешни пресуди е исто така висока. Според некои студии, дури половина од невините луѓе биле обележани како лажговци. Луѓето исто така можат да бидат обучени за тоа како да се победи полиграфот. Поради ова, беше заклучено дека полиграфот не може да биде сигурен начин за откривање лажговци.

Научната поддршка е многу несигурна. Како и да е, се поставува друго прашање: Дали детекторите на лаги, без разлика ги тераат луѓето да ја кажуваат вистината повеќе? Постојат докази што го поддржуваат ова. Во една студија, се покажало дека сексуалните престапници кои биле приклучени на лажен полиграф, биле повеќе спремни да откријат далеку покомпромитирачки мисли и планови од оние кои имале класично интервју.

Професорот Томас Ормерод, експерт за полиграф, рече дека користењето детектор за лаги во овој контекст во најдобар случај ќе доведе до губење на полициски ресурси и, во најлош случај, до проблеми поврзани со тероризам.

- Нивната употреба на овој начин во јавноста би создала погрешна слика за безбедноста, додека за терористите кои успешно го положиле тестот, тоа би претставувало бесплатен премин низ правниот систем на државата. Потпирајќи се на технологија која наводно дава магични резултати е многу погрешно и потенцијално многу опасно - вели Ормерод.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата