Во Полска откриени остатоци од авион кој бил соборен пред 75 години

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Полска откриени остатоци од авион кој бил соборен пред 75 години

Историчарите во јужна Полска денеска објавија дека откриле остатоци од авион од Втората светска војна што го користеле Советските воздушни сили, а кој бил соборен пред 75 години.

Делови од авионот „Б-25 Мичел“, од американско производство, како и човечки остатоци биле откриени во близина на градот Бирун каде, според сведоците, авионот бил соборен на 19 јануари 1945 година, објави Регионалниот музеј за историја на својата „Фејсбук“ страница.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата