Слаѓа Алегро испрати ЕМОТИВНА ПОРАКА ЗА СЕКА АЛЕКСИЌ - Да знаеш дека повторно плачам (ФОТО)

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слаѓа Алегро испрати ЕМОТИВНА ПОРАКА ЗА СЕКА АЛЕКСИЌ - Да знаеш дека повторно плачам (ФОТО)

Српската пејачка Сека Алексиќ денеска се породи и на овој свет го донесе синчето Јован. Веднаш после објавувањето на веста почнаа да пристигаат бројни пораки од нејзините колеги од естрадата.

Меѓу нив се најде и емотивната порака на нејзината најдобра пријателка Слаѓа Алегро

Со својата емотивна порака, ги допре сите фанови на социјалните медиуми.

Добредојде, малечок. Ти ќе бидеш прекрасно момче исто како и твојот брат, насмевката кажува сè. Ќе имаш среќно детство затоа што имаш прекрасни родители, прекрасен дом полн со љубов и внимание. Драга моја горда сум на тебе, баш таква каква што си. Среќна, храбра, прекрасна мајка! Те сакаме Љешњак, Дуда и јас. Да сте живи и здрави. П.С. И да знаеш дека повторно плачам“ напиша Алегро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата