Поднесена КРИВИЧНА ПРИЈАВА против државниот обвинител Љубомир Јовевски

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поднесена КРИВИЧНА ПРИЈАВА против државниот обвинител Љубомир Јовевски

Кривична пријава против јавниот обвинител Љубомир Јовески беше поднесена денеска поради неговото одбивање да ја отстрани поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од функцијата веднаш штом ѝ беше определен притвор. Пријавата ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола, и во неа се вели дека Јовески извршил злоупотреба на својата службена положба со тоа што и дозволил на Јанева да остане специјална обвинителка и да дејствува од притвор.

Иако знаел дека е поведена кривична пријава и се определил притвор против лицето Катица Јанева, Јовески не презел службено дејствие за оддалечување од вршењето на функцијата Јавен обвинител. Додека истата се наоѓала во притвор се овозможила злоупотреба на службената положба од нејзина страна со испраќање на некаков писмен допис за предавање на сите кривични предмети кои до тогаш биле во работа пред тоа обвинителство, вклучително и оние предмети кои незаконски биле покренати по завршувањето на законски предвидениот рок од 18 месеци, пишува во пријавата против Јовески.

Според Здружението, со ова Јовески и Јанева им предизвикале значителна материјална и нематеријална штета на обвинетите.

Стручната јавност го осуди пренесувањето на предметите од СЈО на јавното обвинителство на Јовески како нечуен преседан, имајќи предвид дека специјалната обвинителка Јанева која го нареди тој чекор во моментот беше во притвор и требаше да биде лишена од сите нејзини овластувања. Владејачката партија СДСМ го поддржуваше ова решение, но деновиве сепак бара да се донесе системско решение за јавното обвинителство, откако тоа го побараа и меѓународни претставници.

(Republika.mk)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата