ШТО ПРАВЕШЕ ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ЛАНИ? Детали...

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШТО ПРАВЕШЕ ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ЛАНИ? Детали...

Минатата (2019 година) на поширокото тетовско подрачје вкупно биле спроведени 172 сообраќајни акциски контроли од различен карактер.

Најголемиот број од реализираните контроли лани се однесувале на брзина, техничка исправност на возилата, непочитување првенство, непрописно престигнување, но и на однесувањето на пешаците во сообраќајот.

Имено, над половината од минатогодишните сообраќајни несреќи на ова подрачје биле резултат на неприлагодена брзина, односно пребрзо возење и на неправилно вршење на дејствие.

Покрај акциските контроли лани секојдневно се реализирале и редовни, тековни активности, во чие средиште, исто така, биле брзината, управување под дејство на алкохол, непоседување на возачки дозволи, учество во сообраќајот на возачи-почетници спротивно на законските ограничувања и слично.

Вакви и слични активности продолжуваат и годинава и до возачите посебно се апелира да внимаваат на брзината со која се движат возилата кои ги управуваат, особено во близина на училишта, но и воопшто, бидејќи последните денови во доцните вечерни и раните утрински часови коловозите се лизгави.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата