Аргентина постави неверојатен резултат во ракомет откако во квалификациите ја совлада Боливија со 82:7. Да, добро читате, 82:7 беше за „гаучосите“ на крајот. Полувремето 42:5, а во вториот дел Боливија даде само два гола.

Ова е од рубриката „Верувале или не“, но очигледно Аргентина имаше противник против себе за „билдање“ на гол разлика. Резултатот можеби потсетува на кошаркарски натпревар, но навистина е неверојатен!