Челзи и Арсенал одиграа 2:2 во последниот меч од денешната програма во Премиер лига, во рамките на вонредното 20. коло. „Топчиите“ иако од 26 минута играа со фудбалер помалку успеаа да извлечат бод од ова гостување.

Во 26 минута Мустафи направи голема грешка кога му ја подари топката на Абрахам кој излезе сам пред голманот, го помина, а потоа налета Давид Луиз и направи прекршок за пенал. Судијата покажа на белата точка и му даде црвен картон на Бразилецот.

Жоржињо го доведе Челзи во водство. Но на почетокот на второто полувреме Мартинели го изнедначи резултатот. Сепак, „сините“ одново стигнаа до предност со погодокот на Азпиликуета, а само три минути подоцна „топчиите“ спасија бод благодарение на голот на Ектор Белерин.