Сопругот на Мерсиха Смаиловиќ му се закани на новинарот Љупчо Златев со тужба

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругот на Мерсиха Смаиловиќ му се закани на новинарот Љупчо Златев со тужба

Сопругот на Мерсиха Смајловиќ, функционерката на СДСМ која на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ѝ порача да си стави Давидова ѕвезда, е екстрадиран за терористички напад над државата Израел, откри вчера „Лидер“.

Активистот Јасмин Реџепи, во разговор за Цивил медија вели дека сторијата на новинарот Љупчо Златев е целостинита и затоа ќе поднесена тужба против Златев.

Опозицијата во недостаток да понуди конкретна конструктивност и политички решенија, се занимава со производство на лажни вести. Тоа извесно време се случува кон мене и кон мојата сопруга Мерсиха Смаиловиќ. Сите овие напади се само за дефокусирање на јавноста, бидејќи немаат што политички да понудат и се занимаваат со конкретни луѓе да ги прикажат во најлошо светло. За овие лажни вести и обвинувања веќе е подготвена тужба и ќе се даде на суд, бидејќи никој не смее да си игра со честа на граѓаните или со честа на тие што направиле многу за оваа држава, вели Реџепи.

На овие закани новинарот Љупчо Златев одговори со Фејсбук пост, во кој го куражи Реџепи да го тужи, па на суд да се докаже кој лаже, а кој е исламски екстремист.

Џабир Дерала, гадата на сајтов, каде што Јасмин Реџепи го дава интервјуво, еднаш ме тужеше и изгуби. Сакам и Јасмин Реџепи да ме тужи, па со незгодни прашања во судскиот да видиме дали е исламски екстремист, одговара Златев на заканите.

Заканите на Реџепи доаѓаат по објавувањето на веста во која Златев открива дека Јасмин Реџепи во јуни 2010 бил депортиран од Израел во Македонија затоа што бил затекнат на бродот „Мави Мармара“ кој вооружен сакал да изврши напад врз Израел. За нападот кој го врши Јасмин Реџепи, инаку активист на СДСМ исто како и неговата сопруга, тој се наоѓа на црната листа на неколку западни земји во кои му е забранет влез. По доаѓањето на Зоран Заев на власт, тој е дел од нашата администрација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата