Сите ја знаат како Марија на Боба: Актерката имала тежок живот, МАЈКА И ПОЧИНАЛА НА УЛИЦА, а не можела да се врати да ја погреба

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите ја знаат како Марија на Боба: Актерката имала тежок живот, МАЈКА И ПОЧИНАЛА НА УЛИЦА, а не можела да се врати да ја погреба

Убавата актерка беше една од омилените, а се прослави со улогата како Марија во филмската серија „Жикина династија“. Нејзиниот живот беше како во филм, но лош. Но, тогаш таа ја најде среќата некаде далеку и се врати во Србија пред само неколку години. Се сеќаваме на неа денес, а малкумина знаат како изгледа.

Дури и денес, авантурите на Марија и Боба се популарни кај публиката од сите генерации, но актерката Риалда Кадриќ Шебек, секогаш бегаше од вниманието во јавноста и медиумите. Таа го напушти Белград во 1986 година и се врати во Србија скоро три децении подоцна.

Риалда сподели со јавноста потресна исповед дека за време на војната што ја зафати Југославија во раните 90-ти, нејзината мајка одеднаш починала.

- Бев во Лондон за да го усовршам јазик. На 16 јануари 1991 година, кога започна војната во Заливот, мајка ми одеднаш почина на улица во Белград. Седев во стан во Лондон, ги гледав вестите, слушав за почетокот на војната, кога ме затече веста. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома. Бев многу приврзана кон мајка ми, и бидејќи ја немаше и војната се ширеше низ целата земја во поранешна Југославија, решив да останам во Лондон и таму да започнам нов живот - рече Риалда, која после сите овие години не ја преболе смртта на нејзината мајка.

Риалда рече дека за прв пат го играла ликот на Марија кога имала само 13 години, и вели дека првиот бакнеж го имала токму во овој серијал.

- Прашањето е кои се денес Боба и Марија. Дали тие постојат и дали нивната љубов е забранета денес и зошто. Живеевме во едно општество без класи тогаш, а денес е поинаку. Се преправав дека сум зрела затоа што се најдов во свет на возрасни. Филмот мене ме откри, а моите врсници велеа: „Тоа е една добра, популарна женска“. Имав тринаесет години кога глумев. Јас се справив со тоа. За прв пат во животот, се бакнав пред филмските камери. Тоа беше мојот прв вистински бакнеж„, изјави Риалда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата