Паника низ светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паника низ светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата. Проверките се вршат поради сомневање дека ќе бидат пронајдени луѓе кои го имаат новиот корона вирус, за кој се верува дека се проширил од Вухан во централна Кина и од кого се разболеа повеќе од 200 луѓе во таа земја.

Потврдата дека болеста може да се пренесе од човек на човек, ги зголеми стравовите врзани со заболување, бидејќи милиони Кинези патуваат за Лунарната нова година, пренесе АП.

Мерките се дел од напорите за спречување на повторното појавување на епидемијата САРС од 2002 година и 2003 година, вториот корона вирус кој започна во Кина и усмрти речиси 800 луѓе, го парализира транспортот и ја оштети азиската економија.

Еден случај на заболени е откриен во Јапонија, поради што земјата ќе побара од посетителите да бидат проверени на аеродромите и другите влезни точки, бидејќи очекуваат голем број посетители од Кина за Лунарната нова година.

Австралиските власти исто така соопштија дека еден маж е во карантин откако добил респираторна болест после патување во Вухан, но дека сега се опоравува.

САД започнаа со прегледи на патниците на летовите од Вухан, кои пристигнуваат на меѓународните аеродроми Џон Кенеди, Сан Франциско и Лос Анџелес, трите главни аеродроми во САД.

Засилени мерки проследени со дополнителни чистења и дезинфекции на авионите и возовите, како и железнички станици и аеродроми, се преземени и во Хонгконг, Јужна Кореја, Русија и други.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата