Којот му го нападнал синот па со голи раце го убил

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Којот му го нападнал синот па со голи раце го убил

Американец од сојузната држава Њу Хемпшир вчера убил којот со голи раце, откако дивото животно го зграбило неговиот двегодишен син и се обидело да го одвлечка.

Иан О’Рајли изјавил за Си-ен-ен, дека никогаш не му наштетил на ниедно животно и дека ова му било навистина чудно искуство.

„Не размислував многу. Во прашање беше инстикт“ рекол тој.

Откако во борбата којотот двапати го гризнал, О’Рајли го притиснал со телото и го задавил држејќи му ја муцката. Му требало 10 минути да го совлада ова опасно диво животно.

„Во тој момент не сте свесни што всушност правите“ додал О’Рајли.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата