Воведена директна авиолинија меѓу Белград и Приштина

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воведена директна авиолинија меѓу Белград и Приштина

Компанијата „Еуровингс“ ќе почне со директни авионски летови меѓу Белград и Приштина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави ваквата одлука велејќи дека ова е важен чекор кој ќе го олесни и забрза протокот на луѓе и добра во регионот на Западен Балкан.

„Ја поздравувам одлуката од ‘Еуровингс’ да воспостави директни авионски линии помеѓу Белград и Приштина, засновано на писмата за намери потпишани денес во Берлин. Ова е важен чекор кој ќе го олесни и забрза протокот на луѓе и добра во регионот на Западен Балкан. Командантот на нашата КФОР мисија го задржува воениот авторитет за воздушниот простор над Косово во согласност со Резолуцијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации 1244. НАТО останува целосно инволвиран за време на долгорочниот процес за нормализирање на Балканската Авијација кој ние го водиме“, рече Столтенберг.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата