Светот е во очекување на одговор на прашањето кога ќе биде историската битка во УФЦ меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конеор МекГрегор. И двајцата си пуштаат „отровни стрели“, но се чини дека вчера целата ситуација ја разјасни Абдулманап Нурмагомедов, таткото на Дагестанецот, односно Русинот.

Тој ја одреди цената за тоа, колку пари треба да добие неговиот син како би се одржал реваншот во битката за светската титула…

„И ние сакаме борба и одмазда против Конор, но за тоа да се случи ќе мора да се платат 100 милиони евра на сметката на Хабиб. И ние сме тука“ е пораката од Абдулманап до Дана Вајт, првиот човек на УФЦ.