Хрватска се пласираше во полуфиналето на Европското првенство. По голема драма и предност избраниците на Лино Червар ја совладаа Германија со 25-24 во одлично издание на Игор Карачиќ, кој средбата ја заврши со седум гола и одбраната на Шего во последните секунди.

Червар по мечот открил дека на полувремето се договориле дека нема да се откажат.

„Ова е навистина нешто посебно. Голема благодарност до моите играчи кои на полувремето ја прифатија мојата теза дека не го прифаќам поразот. Тоа е нешто што постојано го заборувам, дека можеш да изгубиш само ако се откажеш. Направија голема предност и сакаа да не добијат на физички. На крајот покажавме дека одлучуваат вештините, ова е победа на сите играчи. Ја вративме Хрватска онаму каде што и е местото. Нашите момци имаат иднина, мило ми е што ја вративме надежта.

Кога бевме во минус, не се предадовме. Се договоривме на полувреме дека нема предавање. Имавме многу неправди против нив, ваквите мечеви се паметат“.