Брутална ликвидација во Нов Белград, Црногорец убиен пред очите на најблиските

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брутална ликвидација во Нов Белград, Црногорец убиен пред очите на најблиските

Црногорски државјанин на возраст од 41 година, идентификуван како Марко В. бил брутално ликвидиран синоќа во Нов Белград, пренесе хрватски „Индекс“.

Во моментот кога вооружениот напаѓач ги испукал кон него смртоносните истрели, тој седел во автомобил со сопругата и чекал децата да излезат од училиште, изјавиле за „Блиц“ жители на зградите од соседството каде се случило убиството.

Црногорскиот поморец со семејството неодамна дошол од странство во Србија. Тој немал досие, но српската полиција го имала запишано неговото име во оперативни документи, според кои се работи за лице од криминалните кругови.

Локалните жители биле особено згрозени што човекот бил убиен пред очите на жената и децата.

„Има многу криминалци во нашето соседство, така што не ме чуди оваа ликвидација. Сепак, страшно е што човекот го убија пред жената и децата“, изјавил еден од станарите на зграда во близина на местото на убиството.

„Неговата сопруга еден час по убиството хистерично викаше да дојде брза помош, иако лекарите веќе дојдоа и одамна констатираа смрт. Жената беше во сериозен шок”, рекла жена која била во близина на местото на убиството еден час по трагичниот настан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата