Чулев: ВЕТИВ И ИСПОЛНУВАМ целосна заштита на новинарите

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чулев: ВЕТИВ И ИСПОЛНУВАМ целосна заштита на новинарите

Во остварените контакти со новинарите Мери Јордановска од порталот A1on и Искра Коровешовска од АЛФА Телевизија и во изјавата за медиумите нагласив дека лично како Министер за внатрешни работи ќе се заложам заканите кон новинарите да бидат расветлени, при што потенцирав дека и понатаму ќе бидам на располагање за нивна целосна поддршка и заштита.

Во таа насока, денес Единицата за насилен криминал при СВР Скопје по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, поднесе две кривични пријави, во брза постапка, против лицето Е.Ј. и согласно информации кои јас ги имам судот веќе има определено мерка притвор.

Лично јас и Министерството за внатрешни работи во иднина во најкраток рок ќе реагира за сите случаи на насилство, закани и притисоци врз новинарите и останатите медиумски работници. пишува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на ФБ, по заканите од Емил Јакимовски, кој на барање на обвинителството доби 8 дневен притвор по повеќе основи.

На ден 18.01.2020 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, се поднесени две кривични пријави, во брза постапка, против лицето Е.Ј.

Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа "Загрозување на сигурноста" по чл. 144 став 2 од КЗ и "Неизвршување на судска одлука" по чл. 377 став 5 од КЗ.

Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела "Загрозување на сигурноста" по чл. 144 став 4 од КЗ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата