Славната глумица испратена на кремирање. Пријателите и семејството се простиле од Неда Арнериќ (фото/видео)

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Славната глумица испратена на кремирање. Пријателите и семејството се простиле од Неда Арнериќ (фото/видео)

Дива на југословенската кинематографија, Неда Арнериќ починала на 10 јануари во Белград. Таа била пронајдена од нејзиниот брат Предраг до трпезариската маса во станот на Врачар.

Починатата Неда одиграла преку 100 улоги, беше на насловните страници, а нејзиниот живот покрај бројните филмови, серии и претстави ја обележале и големи љубови.

Глумицата двапати се обидела да си го одземе животот, поради што била и хоспитализирана на ВМА. Полицијата тврди дека овојпат немало траги на обид за самоуб*ство.

Нa погребот дошле многубројни колеги и пријатели за да се опростат од големата артистка – Аница Добра, Мики МАнојловиќ, Бане Трифуновиќ...

Неда која починала на 10 јануари, во аманет оставила да биде кремирана и погребана на Новите гробишта, покрај својјата најголема љубов сопругот Милорад Мештровиќ, кој починал крајот на 2018 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата