Екипата на Бенфика победи на гостувањето кај големиот градски ривал Спортинг со 2:0 и направи одличен чекор кон освојување на титулата во Португалија. Во прилог им оди и поразот на Порто од Брага па така бодовната разлика меѓу лидерот Бенфика и вториот Порто изнесува седум бодови.
Инаку лисабонското дерби имаше интересни моменти, поништен гол на Фелипе од Спортинг поради офсајд, но и неколку ситуации, сепак, гостите со головие на Рафа Силва во 80 минута и во деветтата минута од судиското продолженија победија и ги освоија бодовите.
За Спортинг цел меч одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски..

Standings provided by Sofascore LiveScore