Бурхан Мустафов не е повеќе фудбалер на Струга Трим Лум. Клубот од Струга и офанзивниот играч за врска се договориле да ја прекинат соработката, причината е таа што Мустафов не бил задоволен од минутажата во тимот на стружани што ја добива, а познато е дека во тој дел од тимот на стратегот Јетон Беќири конкуренцијата е голема.

„Му се заблагодаруваме на Бурхан Мустафов, му посакуваме успех во неговата понатамошна кариера“велат од таборот на Струга Трим Лум.

Како што дознаваме, Мустафов најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Силекс. Инаку досега Мустафов, кој има 25 години, беше член на Пелистер, Победа, Теута, Ренова и Струга Трим Лум.