ВМРО-ДПМНЕ: Дудуш опоменат за тепањето, СДСМ ќе залажува граѓани дека се угледни, економијата и стопанството тонат...

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Дудуш опоменат за тепањето, СДСМ ќе залажува граѓани дека се угледни, економијата и стопанството тонат...

Факти кои го одбележаа денот:
1. Градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш за тепање на граѓанин Луи Витон судството на Заев само го опомена.
2. Генералниот секретар на СДСМ бара партиските функционери да не се пијанчат и чаламат по кафеани и дискотеки само до избори, за да ги залажат граѓаните дека се угледни.
3. СДСМ носи закон за македонски јазик со кој македонскиот јазик го третираат несоодветно.
4. Со партиски вработувања се полни општина Ѓорче Петров. Наумовски си ги прибра партиските другари во општинските канцеларии.
5. Поранешниот началник на штипската полиција, кадар на СДСМ, кој е осомничен за криумчарење мигранти е унапреден во советник во бирото за јавна безбедност.
6. Мила Царовска се прави дека не знае дека работниците се принудувани да враќаат дел од минималната плата, нешто што е јавна тајна во државата, а таа како доскорешен министер требала и морала да го знае тоа и да го санкционира.
7. Венко Филипче се повеќе се заглавува во криминалната афера “Рекет 3” поврзана со стопираната изградба на штипската болница.
8. Во 2019 година фирмите кои котираат на македонската берза бележат пад на профит од 13 %. Економијата и стопанството тонат.
9. Два месеци обвинителството не презема конкретен чекор за скандалот со уништување на инсулин со валиден рок од реномиран производител. Штетата на буџетот е милионска.

10. Државата наместо да инвестира средства во проекти важни за граѓаните, таа ќе потроши 6,5 милиони евра за набавка на слот машини за коцкање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата