Симон Трпчевски прекина концерт Штип - НЕМАЛО ГРЕЕЊЕ ВО САЛАТА И ИМАЛО ПРОБЛЕМИ СО СТРУЈАТА (ВИДЕО)

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Симон Трпчевски прекина концерт Штип - НЕМАЛО ГРЕЕЊЕ ВО САЛАТА И ИМАЛО ПРОБЛЕМИ СО СТРУЈАТА (ВИДЕО)

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски деновиве после пауза од 11 години повторно настапи во Штип.

Трпчевски за време на концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот се обрати на публиката поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.

Трпчевски вели дека нашите политичари и квази политичари и влијателните луѓе треба да сфатат еднаш засекгаш дека на културата и на образованието не смее да се штеди.

Пред да излезам на сцена во просторијата додека се обидував да се загрејам, го прочитав следново, а има врска со фактот што ние Македонците без разлика колку имаме код на самоуништување велиме дека сме пиреј и дека одново растеме и еве уште еден пример, последната песна на Блаже Конески која што се вика „Зимско утро“ аналогно на нашава атмосфера

Молчи зимското утро

Се стуткало како куче.

Уште не му се излегува надвор.

Студи.

Под мојот прозорец

И денеска цвркоти и си рипка

Шалава сипка:

Сип, сип, сип!

И тоа како порив за живот

Во мене пак се буди!

Тоа сме Македонците вели Трпчевски.

Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата