(Видео) Хју Грант во одбрана на Хари: Jа убија неговата мајка, а сега се намерачија на неговата сопруга

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Хју Грант во одбрана на Хари: Jа убија неговата мајка, а сега се намерачија на неговата сопруга

Повлекувањето на принцот Хари и Меган Маркл со денови е главна тема на светските медиуми, на што се осврна и актерот Хју Грант, кој цврсто застана на нивна страна.

„Јас сум на страната на Хари. Таблоидите ја убија неговата мајка и сега се намерачија на неговата сопруга. Мислам дека е негова должност како човек да го заштити своето семејство“, рече Хју.

Во својот коментар, Грант реферираше дека мајката на Хари, принцезата Дајана, загина во сообраќајна несреќа бегајќи од папараци.

Самиот Хари зборуваше за однесувањето на медиумите, а некои дури и ги тужеше за вознемирување.

„Нема да дозволам се вовлечам во играта со медиумите што ја уби мајка ми“, рече тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата