Мицкоски: ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ПАРИ, УЈП собрала околу 4 милијарди денари помалку од предвиденото

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ПАРИ, УЈП собрала околу 4 милијарди денари помалку од предвиденото

За емисијата „Економски Магазин“ интервју имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека државата има помалку пари поради владата на СДСМ. УЈП има околу 4 милијарди денари помалку соберено од она што било предвидено.

„Даноци се собираат по три основи. УЈП која што собира 70% од вкупните даноци во државата. Собираат три вида на даноци, еден е данок на добивка, персонален данок на добивка. Вториот е персонален данок на доход. И третиот е данок на додадена вредност. Данокот на добивка е паднат некаде за 24.5% споредена од планинарната. Данокот на персонален доход е од прилика околу 0 или 1, така нешто. Зошто? Затоа што имавме поголема даночна основица во првите 11 месеци во годината. Ако ја немавме, ако беше онаа старата која што ја вратија сега популистички предизборно откако видоа дека целата економска политика им  се урна, тогаш и тука ќе имавме потфрлања најмалку 10%“, објасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека 4.2 или 4.3 милијадри денари УЈП имаат соберено помалку од она што го планирале. И затоа сега владата ги правда преку земање на нови заеми. Владата дури вчера зеде заем од 8 милиони евра. Поради тоа сега во македонскиот буџет има дупка

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата