Зошто се земаат кредити, а не се искористуваат европските фондови

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто се земаат кредити, а не се искористуваат европските фондови

Европската Унија континуирано  овозможува  финансиска помош за земјите кандидатки за членство во ЕУ, преку инструментите ИПА I и IPA II, меѓутоа искористеноста на европските фондови е сеуште на ниско ниво. Наместо правилно искористување на фондовите од  програмите ИПА I  за периодот 2007-2013, како и втората програма за предпристапна помош ИПАII 2014-2020, Македонија континуирано зема кредити од Светската Банка и ММФ наместо да ги користи европските фондови.

            Доделени средства за Македонија преку ИПА I,  за периодот 2007-2013 година.

За периодот 2014-2020 г., од ИПА II програмата биле доделени 664 милиони евра од европските фондови за Македонија, меѓутоа за нивната искористеност  резултатите ќе се сублимираат во наредниот период.

Искористеноста на европските фондови е мала поради слабиот институционалниот капацитет на државата. Токму затоа потребни се реформи за зајакнување на институционални капацитети на институциите и на локалната самоуправа, бидејќи по очекувањето на добивање на датумот за ченство во ЕУ на Македонија и Албанија , државите покрај тоа што ќе започнат со отварање на поглавјата за членство во ЕУ потребно е да имаат и капацитет за Структурните фондови, кои за разлика од ИПА фондовите тие изнесуваат повеќе милијарди евра.

Токму во предложената методологија од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, предвидени се измени за можноста за искористување на средства од Структурните фондови. Во процесот на правилно искористување на овие фондови, значително можат да помогнат и државите од Вишеградската група, кои во изминатиов период се и најголемите подржувачи на евроинтеграциските процеси на државите од Западен Балкан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата