Руските хакери „Фенси берс“ ја хакирале украинската фирма на синот на Џо Бајден

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руските хакери „Фенси берс“ ја хакирале украинската фирма на синот на Џо Бајден

Руски воени хакери во ноември се обиделе да ја прбијат електронската пошта на украинската енергетска компанија во чија управа беше Хантер Бајден, син на демократот Џо Бајден, соопшти американската компанија за сајбер безбедност „Ерија 1“, пренесува Би-би-си.

Компанијата „Буризма холдингс лтд.“ беше во фокусот на обидите на американскиот претседател Доналд Трамп лани во јули да изврши притисок на украинските власти да спроведат истрага за Бајден поради наводна корупција.

Претседателот Трамп во декември се соочи со гласање недоверба поради обвиненијата дека незаконски вршел притисок врз лидерот на Украина, Владимир Зеленски, да започне истрага за „Буризма“ и нејзините врски со Бајденови.

Компанијата за сајбер безбедност „Ерија 1″ го идентификувала хакерскиот напад и го поврзала со рускиот главен военоразузнавачки директорат (ГРУ). Не се знае што точно сакале да украдат хакерите.

Како што се наведува, истата хакерска група, позната под името „Фенси берс” (Fancy Bears) го хакирала Демократскиот национален комитет во 2016 година во рамките на она што американските истражители го означија како операција за нарушување на американските претседателски избори.

„Можете да видите дека тој напад навистина почнува паралелно со она што го видовме во 2016 година,“ изјави извршниот директор на „Ерија 1″ Орен Фалковиц.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата