Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви. Слаб снег провејува на Граничниот премин Деве Баир и на Попова Шапка, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

извор: Makfax

0

loading...
loading...

Најчитани вести