Влада: Економските параметри помеѓу Македонија и Бугарија бележат позитивен развој

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влада: Економските параметри помеѓу Македонија и Бугарија бележат позитивен развој

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за одржување на првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка по договорот за економска соработка меѓу двете земји.

Утврдено било дека економските параметри помеѓу Македонија и Бугарија бележат позитивен развој, што може да се констатира меѓу другото и преку значителниот обем на трговска размена во изминатите неколку години.

„Двете земји покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи, што се огледа и преку заложбата за одржување на заеднички владини седници, како и за одржувањето на претстојната седница на македонско–бугарската Меѓувладина комисија за економска соработка“, велат од Владата.

Истовремено, задолжени се Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација до Министерството за економија да достават номинации на членови и теми за дискусија на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата