Владата не го покани, Заев не го спомна Претседателот Иванов на свеченоста за знамето

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата не го покани, Заев не го спомна Претседателот Иванов на свеченоста за знамето

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов информираа дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.

Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ, а празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија во своето обраќање Заев ги спомена и им се заблагодари на сите претходни претседатели на државата, освен на актуелниот, Ѓорге Иванов.

- Благодарност до претседателот Борис Трајковски, кој заедно со своите соработници ги загубија животите во авионска несреќа токму во нивната служба да ја направат нашата земја безбедна. Претседателот Трајковски и неговите соработници не смееме да ги заборавиме, завршија една од најтешките работи кога решително ја приближија Реблика Македонија во НАТО и ги отворија ширум вратите на соработка.

- Во друга мировна мисија во хеликоптерска несреќа загинаа 11 војници на армијата, миротворци од мисијата АЛТЕА. Нивните животи се во темелите на овие историски моменти. Му должиме голема благодарност и на првиот претседател Киро Глигоров кој со својата цврста заложба за мир се определи за евроатланските интеграци како најзначајна опција. Голем беше влогот и на претседателот Црвенковски за што одавам признание – рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата