(Видео) Новороденче спасено од канализација во Јужна Африка

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Новороденче спасено од канализација во Јужна Африка

Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан, по тричасновна акција успеале да извлечат мало новороденче од одвод, објави Би-би-си.

Минувачите го слушнале плачот на детето и ги контактирале надлежните служби. За да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале областа околу каналот.

Болничарите веднаш го прегледале бебето и го пренеле во главната болница во градот.

Докторите рекле дека бебето имало блага хипотермија, губење на телесната топлина и неколку модринки и исекотини.

Полицијата испитува како новороденето девојче завршило во градскиот одвод и кои се нејзините родители.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата