Словенија ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Словенија ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Словенечкиот парламент на вонредна седница ќе го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

„Државниот збор на Република Словенија, денеска ќе има вонредна пленарна седница на која во 10:55 ќе се гласа за ратификацијата на протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, со што ќе биде првиот национален парламент на земја членка на НАТО што по Република Грција ќе го отвори патот за следните национални парламенти“, соопштија од сбораниската прес-служба.

Непосредно пред гласањето, пред пратениците на Државниот збор, ќе се обрати претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата