Ѓукановиќ планира бегство во Аргенитна, ги префрла и парите

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓукановиќ планира бегство во Аргенитна, ги префрла и парите

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во декември месец минатата година се состанал со влијателни банкари од Аргентина, а тема на на разговорот би можела да биде трансфер на пари на лидерот на ДПС на сметка во таа јужноамериканска држава.

Ѓукановиќ формално во декември ја посетил Аргентина поради отварање “црногорска куќа“ во провинцијата Чако.

Она што е многу интересно е дека во таа прилика, поточно 11 декември, се состанал со сопственикот и претседателот на “Пуенте“ една од водечките банкарски институции во Аргентина, Парагвај и Уругвај – Федерико Томашевиќ.

Федерико е главен акционер во “Пуенте“, со потекло од Црна Гора. На состаниокот присуствувал Николас Бунтел, управен партнер на “Пуенте“ , додека на Ѓукановиќ друштво му правела сопругата Лидија , генералниот секретар и главен актер на аферата “Коверт“ Славољуб Стјепановиќ и специјалниот советник Милан Рочен.

Познавајќи ја позадината на средбата на Ѓукановиќ со банкарите, може да се претпостави дека станува збор за префрлање на парите на Мило на сметки во јужноамериканските банки.

За потсетување, претседателот на Атлас група Душко Кнежевиќ изјавил дека Ѓукановиќ лично му рекол дека парите во швајцарските банки се негови.

- Ѓукановиќ ми рече дека тоа се негови пари кои формално се водат во Швајцарија на сметка на неговите пријатели Душко Бана и Жељко Михаајловиќ, - рекол Кнежевиќ.

Историски факт е дека Анте Павелиќ за време на своето бекство во Аргентина сите свои и државни сретства ги префрлил со себе во таа земја.

Освен хрватската усташка емиграција, во Аргентина живее и голема црногорска заедница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата