Потрошил брдо пари на неа! Албанец одлепил по Рада Манојловиќ, па го направил ова

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потрошил брдо пари на неа! Албанец одлепил по Рада Манојловиќ, па го направил ова

Рада Манојловиќ била гостинка на богатиот Албанец Шенки Маслани, познат како Шенки Версаче, кој е запамтен по тоа што сака да ги дарува пеачките со позамашен бакшиш.

Шенки е од Македонија и целосно е опседнат од познатиот бренд Версаче, но и со српските пеачки.

- Рада имала голем настап во еден познат клуб во Скопје. Во таа прилика Шенки бил еден од главните гости, со што ја поканил атрактивната пеачка да биде негова гостинка во кафуле каде што тој бил сопственик. Рада прифатила, а таму биле и медиумите, кои се снимале со камери.

Инаку, се уште се зборува за видео-снимката на која се гледа како Шенки ја дарува Сандра Африка со позамашен бакшиш на еден од нејзините настапи.

Сосема е извесно дека ни спрема Рада не бил помалку галантен, судејќи по насмевката на нејзиното лице – вели извор.

Шенки не го криел одушевувањето од изгледот и пеењето на Рада, кој одлично се вклопил во неговиот версаче амбјент со кој е декорирано целото кафуле каде што тој е сопственик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата