Во Црна Гора од почетокот на епидемијата на грип починаа шест лица, додека вкупниот број на лабораториски потврдени случаи на грип изнесува 237 и речиси сите се инфицирани со вирус на грип од типот А, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Директорот на Домот за здравје на Подгорица, Небојша Кавариќ за „РСЕ“ вели дека има доволно вакцини против грипот и дека досега вакцина примиле осум илјади граѓани.

„Под најголем ризик се постарите лица и хронично заболените на сите возрасти, здравствените работници, како и сите кои по проценка на лекарите имаат симптоми кои би можеле да укажат оти се работи за вирус од типот А“, изјави Кавариќ.

извор: Makfax

0

Најчитани вести