МОРБИЛИТЕ ФАТАЛНИ ЗА БЕБИЊАТА: ПОЧИНА уште едно бебе, ова е ТРЕТ СЛУЧАЈ ЗА ТРИ ДЕНА – состојбата е АЛАРМАНТА

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОРБИЛИТЕ ФАТАЛНИ ЗА БЕБИЊАТА: ПОЧИНА уште едно бебе, ова е ТРЕТ СЛУЧАЈ ЗА ТРИ ДЕНА – состојбата е АЛАРМАНТА

Министерството за здравство ја известува јавноста дека вчера (10 февруари 2019) во вечерните часови почина 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести.

-Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува повеќе од алармантна.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници кое имало компликација на белите дробови.

Неспорно е дека епидемијата од морбили може да се спречи со вакцинирање но  едното бебе било премногу мало да ја прими вакцината, а двете други биле на возраст на границата потребна за вакцинирање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата