Екс амбасадорот Ѓорѓи Филипов влегува во трката за претседателски кандидат на СДСМ

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс амбасадорот Ѓорѓи Филипов влегува во трката за претседателски кандидат на СДСМ

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов во текот на утрешниот ден планира да поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ.

Тој преку соопштение до јавноста информираше за планираните активности.

Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ. По тој повод, ве поканувам на прес-конференцијата закажана на 11.Февруари 2019, со почеток во 12.00 часот во хотелот Александар Палас, Скопје. Ќе ми биде задоволство да ви се обратам и да одговорам на вашите прашања – се наведува во информацијата испратена до медиумите на екс амбасадорот Филипов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата