Буквално во последните секунди од судиското надополнување на „Местаља“, Реал се спаси од пораз. Валенсија во еден тежок и исцрпувачки меч во кој и двата тима (особено Реал) пропуштија неколку идеални прилики за гол, успеа да поведе со голот на Карлос Солер во 78. минута.

 

Домашните имаа резултат се до финишот на мечот, кога Реал тотално притисна, па дури успеа преку Јовиќ и да ја погоди противничката мрежа, но голот беше поништен поради офсајд. Во 94. минута Реал доби корнер, по нафрлувањето голманот Куртоа кој се пресели во противничкиот шеснаесетник беше највисок и биеше со глава, а одбиената топка од домашниот голман заврши пред нозете на Бензема, кој успеа да погоди за израмнување.

 

Со овој бод Реал се израмни со Барса на врвот на табелата со по 35 бода во очи на долгоочекуваното „Ел Класико“.

Standings provided by Sofascore LiveScore