Кралицата бара администратор на социјалните мрежи, плата 67.000 долари

15.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кралицата бара администратор на социјалните мрежи, плата 67.000 долари

Британската кралица Елизабета Втора е подготвена да плати до 67.000 американски долари годишно на личност која би управувала со нејзините профили на социјалните мрежи, сѐ со цел да најде, како што рече, нови начини за одржување на нејзиното присуство на јавната и светската сцена.

Кралското семејство, кое исто така неодамна се појави на LinkedIn, истакна дека работата вклучува и анимирање на публика низ целиот свет, не само во Велика Британија.

„Успешниот кандидат ќе раководи со мал дигитален тим експерти, ќе создаде стратегија за содржини за нашите дигитални канали и ќе работи со колегите за континуирано подобрување на нашето дигитално присуство“, се вели во соопштението.

Избраната личност мора, како што се бара, да обезбеди дека социјалните мрежи на кралицата се од интерес и за публиката, со истовремено зачувување на угледот и влијанието на ова семејство.

Тоа лице исто така треба да има искуство во користење на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, јавува CNBC.

Менаџерот за социјално вмрежување би имал 33 дена годишен одмор (вклучувајќи празници) годишно, бесплатен ручек, обука и придонеси за пензионирање. Истотака, се наведува дека годишната плата се движи помеѓу 45,000 и 50 000 фунти (околу 67,000 американски долари), во зависност од искуството.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата