Германскиот Куп долги години се игра во Берлин, меѓутоа од градскиот совет на Минхен ќе достават барање до германската фудбалска федерација (ДФБ) со понуда, финалето да биде организирано во Минхен од 2021 до 2025 година.

Во Берлин финалниот меч се игра од 1985 година, но договорот истекува веќе следната година. Од 2021 до 2025 е слободен термин, па сака Минхен да биде организатор.

Сепак, германските медиуми пишуваат дека се мали шансите Минхен да биде организатор на овој меч, со оглед дека во тој случај Баерн би бил привилигиран, бидејќи често го игра финалето во Купот.

Освен Берлин, ДФБ размислува да го „шета“ финалето по сите градови, односно во секоја година да биде различен домаќин.