Жозе Мурињо изјави дека нема да го прекрши ветувањето кое му го дал на својот фудбалер Кристијан Ериксен.

Данскиот фудбалер му порача на својот тренер дека сака да го напушти Тотенхем во зимскиот или летниот преоден рок. Португалецот за англиските медиуми ја потврди оваа вест, но не ги откри деталите од разговорот со Ериксен.

„Она што знам е дека на крајот на сезоната му истекува договорот, а разговорот кој го обавив со него е приватен и не сакам да откривам детали за истиот. Мислам дека така е најдобро.  Тој е добар играч, не сакам да го прекршам тоа ветување кое му го дадов. Интимните разговори треба да останат во клубот, а Ериксен знае дека е важен дел од Тотенхем и поради тоа ми се довери. Доколку тој одлучи да открие детали ќе бидете информирани“, рече Мурињо.

Данецот сакаше трансфер во една од најдобрите европски екипи, што дополнително ги влоши односите со фановите на Тотенхем, но Мурињо е цврсто решен да му го чува грбот.

„Секогаш кога ќе влезе во игра потврдува дека е квалитетен фудбалер, што пак за мене е важно, без разлика дали ќе одлучи да остане или пак ќе замине. Сите играчи имаат свои падови и подеми, нешто што не зависи од договорот, во прашање се работи кои не се поврзани со фудбалот.