Некогаш дербито на Лантерна одлучуваше дури и за пласман во Лигата на шампионите. Сампдорија и Џенова претходните години воглавно беа во горната половина на првенствената табела, но оваа сезона мирисана фудбалска катаклизма во Лигурија. Двата клуба од Џенова се борат за опстанок.

Сампдорија е прва над црвената цртичка, Џенова прва под неа. Само бод ги раздвојува. Двата тима малку живнаа кога во октомври ги сменија тренерите. Дебитантот во тренерската работа Тијаго Мота успеа да ја раздрма Џенова, потполно да го промени стилот и да ја прекине серијата на порази. Сепак, повредата на најдобриот играч Куаме му ја поремети концепцијата, па „Грифони“ имаат по три порази и ремија на последните шест натпревари. Дополнителен проблем е суспензијата на Горан Пандев на два меча.

ИТАЛИЈА 1 – 16.КОЛО

ЏЕНОВА – САМПДОРИЈА
сабота 20.45
Шифра: 1013

ПРЕДЛОЗИ
КТ 1        2,75
ВГ 3+     1,95
* Квотите подлeжат на промени

„Стариот волк“ Раниери успеа Сампдорија да ја извлече од канал во кој ја турна Ди Франческо. Во првите шест натпревари освои девет бодови и забележа само еден пораз, но потоа следуваше нова криза со два порази по ред од Каљари (првенство и куп) и болен пораз дома против Парма. Сампдорија повторно е во негативен ритам, а во одбраната повторно дува „промаја“. Ветеранот Кваљарела не е во форма, а другите играчи во нападот не можат да ја преземат одговорноста.

Раниери има поголемо искуство од Мота во вакви ситуации, но италијанскиот Бразилец е екс-играч на Џенова и знае што овој меч значи за сите во градот под Лантерна. Знае и дека Џенова е во серија од шест градски дербија без победа и дека победа во овој натпревар би им донела корист во смисол стабилизација, прекин на лошата серија, а би го турнала најголемиот ривал под себе во борбата за опстанок.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore