Искусниот чешки тренер Павел Врба, е нов предводник на тимот на Лудогорец. Откако вчера избори место меѓу најдобрите 32 тима во Лигата на Европа, бугарскиот тим се реши да назначи познато име на клупата.

Врба ќе ја превземе екипата по есенскиот дел од сезоната, односно ќе го води тимот на пролет. Лудогорец веќе неколку години доминира низ првенството на Бугарија, а на Врба нема да му биде тешко и оваа година да ја освои титулата.

Пред извесен период, Врба доби отказ од Викторија Плзен, тим во кој беше од 2017 до 2019 година. Претходно ја водеше Чешка на ЕП 2016. Тој од 2008 до 2013 година исто така беше во Плзен, тим со кој успеа да ги направи најголемите успеси играјќи во групната фаза од ЛШ.