Првите луѓе на „Либерти Медиа“, која е сопственик на Ф1 шампионатот, работат на враќање на шпанскиот возач и двократен шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо во „кралската класа“. Според извори од компанијата, раководството на Формула 1 веќе започнало преговори со екипата на Мерцедес за договор со Шпанецот како замена за Луис Хамилтон, кој по се изгледа ќе ги реализира шпекулациите за продолжување на кариерата во Ферари.

Претходно беше објавено дека раководството на Формула 1 контактирало со Ред Бул за договор со Алонсо, но австрискиот тим го одбил „Либерти Медиа“, повикувајќи се на сложените односи на Алонсо со Хонда.