Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, за која постои сомневање дека во периодот од 2016-2018 година сторила кривично дело  злоупотреба на службената положба и овластувања и лицето А.С., во својство на управител на правниот субјект „Просервис инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело  помагање и кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги.

„Првопријавената Е.А. пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, постапувајќи спротивно на член 13 и член 33 од Законот за градење, во три постапки за јавни набавки доставила фактури со невистинита содржина на правниот субјект ‘Просервис инженеринг’ ДООЕЛ Скопје, со што овозоможила второпријавеното лице А.С. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.327.400,00 денари, за кој износ го оштетила буџетот на СУГС ‘Браќа Миладиновци’ Скопје“, стои во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата