Јанушев: Менување на изборен модел четири месеци пред избори е доказ како Заев шарлатански ја води државата

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанушев: Менување на изборен модел четири месеци пред избори е доказ како Заев шарлатански ја води државата

Менување на изборниот модел на речиси неполни 2-3 недели пред бирање односно составување на техничка влада којашто треба да ги спроведе изборите, од друга страна на три односно четири месеци неполни пред одржување на парламентарните избори притоа без консензус на најголемите политички субјекти уште еднаш само го покажува вистинското лице на Заев и СДСМ во однос на тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој кажа дека неговата партија поднела 600, а не илјада амандмани за Изборниот законик. Јанушев обвини дека власта сака да манипулира со помалите политички партии и дека од поднесените околу 6.000 амандмани од ДУИ  се гледа дека, како што кажа, всушност и внатре во коалицијата не се сите работи онакви какви што се претставуваат пред јавноста.

„И самите препораки од ОБСЕ односно од сите оние кои се надлежни да даваат забелешки и кои учествуваат и ги надгледуваат изборните процеси кажуваат дека измена од ваков тип каде што станува збор за измена на изборниот модел, не препорачуваат истото да се направи најмалку една година  пред одржувањето на изборите. ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, а во интерес на граѓаните на Република Македонија не ја затвара вратата, апсолутно сме отворени да седнеме со  сите релевантни политички субјекти да разговараме и да најдеме начин во која насока треба да се движат овие измени по завршување на изборите на 12-ти април. Сега во овој момент сметаме дека е тотално надвор од сите логични норми, надвор од сите пракси кои што ги имаме во целиот модерен и развиен свет, да седиме и сега тоа да го правиме“, вели Јанушев.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата