Миленикот на Комитите се огласи од болничката соба: Ќе се вратам уште посилен!

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Миленикот на Комитите се огласи од болничката соба: Ќе се вратам уште посилен!

Еден од најзаслужните за втората европска титула на Вардар, голманот Дејан Милосављев, кој сезонава брани за бундеслигашот Фуксе Берлин, денеска успешно бил опериран, откако посериозно го повредил коленото поради што веднаш морал „под нож“.

Српскиот репрезентативец објави фотографија од болничката соба, објаснувајќи дека сѐ минало во најдобар ред и дека ќе работи напорно за да се врати во посакуваната форма.

„Операцијата мина успешно. Ќе се вратам уште посилен и поподготвен за предизвиците кои се пред мене. Ракометниот гол е свето место, на кое ќе се сретнеш со најголемите стравови и предизвици и ќе се чувствуваш непобедлив. Но, кога ќе дојдат лошите моменти, ќе се бориш како секој момент да ти е последен“, напиша некогашниот миленик на Комити.

Повредата доаѓа во најнезгоден момент за Милосављев и за Фуксе Берлин, со оглед што бранеше во фантастична форма, поради што беше прогласен за играч на месец ноември во силната Бундеслига.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата