Германецот Јирген Клоп ќе остане тренер на Ливерпул до 2024 година. Стратегот, кој ланската сезона го однесе клубот од „Енфил роуд“ до врвот во Европа го продолжи договорот со клубот.

„Среќен петок“ – се пошегува клубот со навивачите и го презентираше видеото на кое Клоп го потврдува потпишувањето на новиот договор.

„Добар ден! Вонредни вести… Одлучивме да ја продолжиме соработката до 2024 година. Ова се добри вести за некого, за некого не… но ние продолжуваме со нашата приказна“, потенцираше Клоп.