Проштална средба на Димитров со турската амбасадорка во земјава

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проштална средба на Димитров со турската амбасадорка во земјава

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари проштална средба со амбасадорката на Република Турција во земјава, Тулин Еркал Кара.

Димитров изрази благодарност за заложбите на амбасадорката Еркал Кара во унапредувањето на билатералните односи и пријателството меѓу двете земји, посакувајќи и’ успех во следните професионални ангажмани и предизвици. Посебно беше нагласено задоволството што набргу Македонија од природен, ќе стане и официјален сојузник на Република Турција во НАТО, со што двете држави ќе соработуваат заедно во засилувањето на безбедноста на нашиот регион, но и на цела Европа.

Амбасадорката Кара, реафирмирајќи ја силната поддршка којашто Турција и ја дава на Македонија, изрази охрабрувачки пораки за претстојното финализирање на процесот на зачленување Северна Македонија во НАТО, како и за понатамошен напредок кон ЕУ. Воедно, изрази благодарност за одличната соработка и поддршка која и’ беше искажана од страна на македонските институции за време на нејзиниот мандат.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи кои бележат посебен подем во економијата, инвестициите, туризмот, културата, образованието, здравството и одбраната, како и за можностите за унапредување на соработката и во сите други области од заемен интерес.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата